Студио за убавина

Во нашиот Дијамант на убавина можете да се релаксирате од секојдневието, да заборавите на проблемите и да се опуштите во сосема различен амбиент каде ќе имате чувство исто како во рај.

Модерно студио и Професионален тим

Од нашите многубројни услуги специјално ги издвојуваме

Услуги за маникир : со комплетно разубавување на вашите дланки- послужени со шолја вкусно кафе, или топло чајче за да уживате во секој момент.

Услуги за педикир : каде добивате целосна релаксација за вашите стапала, пропратена со релаксирачка масажа, парафински и пилинг третман.

Релаксирачки масажи: пропратени со амбиентална мелодија и арома-терапи уживачко задоволство,

Како и многу други услуги за кои со задоволство и нетрпение чекаме да ве услужиме и да ви ги приуштиме.

Професионални услуги
кои ги нудиме

Маникир

Опфаќа комплетно негување на вашата дланка, чистење и отстранување на кутикулите, зацврснување на ноктите со гел слој и боење во било која од нашите 1000 нијанси на бои.

МАНИКИР

Прочитај повеќе за маникир

Педикир

Добивате нега на ноктите од вашите стапала, со целосно средување на кутикулите, аплицирање на гел-лак- во боја и дизајн по ваш избор, комплетно средување на вашите стапала и петици.

ПЕДИКИР

Прочитај повеќе за педикир

Депилација

Отстранување на несаканите влакна од сите делови на телото. Ја намалува густината со секој нареден третман се повеќе. За прекрасна нежна и мазна кожа како никогаш досега!

ДЕПИЛАЦИЈА

Прочитај повеќе за депилација

Масажа

Ублажување на стресот и напнатоста, ја подобрува циркулацијата, и полесно ослободување на токсините од кожата. Ќе се чувствувате пријатно, опуштено и полни со енергија.

МАСАЖА

Прочитај повеќе за масажа

Стефанија ЛП Додевска

Основач и управител на 💎 Diamond Beauty 💎

Бележи 9 годишно работно искуство во козметиката- област маникир (нега на нокти и нивна заштита),
со 3 нострифицирани и интернационално признаени дипломи од патентирани техники на изведување,
заверени од министерство за образование на САД, Бугарија и Русија,
како и 8 сертификати од обуки и едукативни семинари
од Србија, Македонија и Бугарија.
Инаку студент по општа медицина, сопруга и мајка 💎

Својата работна кариера ја започнува во 2013 година во САД (Северна Каролина) каде се стекнува со првите знаења и вештини од оваа област, продолжувјќи кон дома, ги пренесува сите стекнати искуства од таму кои ги надоградува во соседна Бугарија (2015), Србија (2020) и Русија (2021) како и непрестано до ден денес.

По завршената обука во една од најголемите школи за “ Deep Manicure” во Москва кон својата биографија прибележува додаток
“ Едукатор за длабински маникир”

Кариерата ја продолжува во Diamond Beauty кој својата приказна ја започнува во 2020 година, и сеуште успешно ја гради.

Години искуство
0
Задоволни клиенти
0 +
Различни услуги
0
Професионалци
0

Подарете си уживање и задоволство
закажете термин!

Посветете си внимание закажете термин и дојдете да ја почуствувате магија во нашето студио!