Маникир
Kомплетно разубавување на вашите дланки-нега на нокти, длабинско чистење на кутикули како и естетско дизајнирање на истите.
Комплетна грижа за вашите нокти.
Со избор на повеќе од 1 000 нијанси различни бои, послужени со шолја вкусно кафе, или топло чајче за да уживате во секој момент од вашиот третман. Повелете посетете не!
Типови на
маникир
ГЕЛ-ЛАК МАНИКИР
Претставува третман за зацврснување на вашите природни нокти со гел-лак слој, наменет за кратки, здрави и природно цврсти нокти на кои би им додале естетски поубав изглед со било која од нашите 1000 нијанси на бои, и соодветен дизајн според формата и големината. Времетраење на услугата е од 45-75 минути во зависност од големината и дизајнирањето.
КЛАСИЧЕН МАНИКИР
Опфаќа комплетно негување на вашата дланка, чистење и отстранување на кутикулите, зацврснување на ноктите со гел слој и боење во било која од нашите 1000 нијанси со дизајн по ваша желба .
Времетраење на услугата е од 60-90 минути во зависност од големината и дизајнирањето.
РУСКИ МАНИКИР
Маникир за естетски убав изглед на вашите нокти со длабинско чистење на вашите кутикули, кое овозможува нанесување на гел во внатрешноста под кутикулата- со што ја продолжува трајноста на ноктите и го забавува нивниот раст. Перфектно чистите кутикули, даваат екстремно добар,нов и свеж изглед на вашите нокти дури и по две недели носење. Бидејќи чиста и уредна кутикула е круна на самиот нокт.
Времетраење на третманот е од 150-180 минути, во зависност од големината и дизајнирањето.
НАЛИВЕН МАНИКИР
Служи за продолжување на вашите нокти, во самиот третман вклучуваме комплетно чистење и отстранување на кутикулите, продолжување на ноктите во форма, боја и димензија по ваша желба, како и дизајнирање за комплетно задоволство.
Времетраење на третманот е околу 90 минути, во зависност од големината и дизајнирањето.
СПОРТСКИ МАНИКИР
Исклучиво наменет за мажи, самиот третман опфаќа потсечување и полирање на природните нокти, длабинско чистење на кутикулите одвнатре и однадвор, и третман на целата регија со масло за кутикули, со што ќе допринесе за ваша негувана и уредна дланка во секој момент. Времетраење на третманот е околу 30 минути.
Бенефити од
маникирот
Квалитетни производи за вашата убавина. Направени од одбрани состојки.
Нарачајте, пробајте ги и уверете се.
- Убави и негувани нокти
- Грижа за кожата на рацете
- Релаксација и опуштање
- Заштита на ноктите