Педикир

Kомплетно разубавување на вашите нозе-нега на нокти, длабинско чистење на кутикули како и естетско дизајнирање на истите.

Комплетна грижа за вашите нозе.

Со избор на повеќе од 1 000 нијанси различни бои, послужени со шолја вкусно кафе, или топло чајче за да уживате во секој момент од вашиот третман. Повелете посетете не!

Типови на
педикир

ГЕЛ ЛАК ПЕДИКИР

( само гел-лак и нокти)

Педикир со кој добивате средување на ноктите и кутикулите од вашите стапала, лакирање со гел лак слој, како и боја и дизајн по ваш избор завршувајќи го третманот со кратка масажа и разладувачка маска за стапала. Времетраење на третманот е од 30-45 минути, во зависност од големината и дизајнирањето.

КЛАСИЧЕН ПЕДИКИР

( гел-лак со третман и масажа)

Третман во кој добивате нега на ноктите од вашите стапала, со целосно средување на кутикулите, аплицирање на гел-лак- во боја и дизајн по ваш избор, комплетно средување на вашите стапала и петици ( отстранување на грубата и мртва кожа, пилинг, и маска за омекнување ) завршувајќи со релаксирачка масажа во времетраење од 10 минути. Времетраење на третманот е околу 60-75 минути, во зависност од состојбата на стапалата.

РЕЛАКСИРАЧКИ ПЕДИКИР

(Гел-лак, Третман,масажа и парафин)

Претставува педикир со кој добивате целосен третман на вашите стапала опфаќа целосно средување на вашите нокти и кутикули, лакирање со гел-лак слој по избор, отстранување на грубата кожа од целото стапало, пилинг и омекнувачка маска, продолжена со парафински третман и 10 минутна масажа за целосно уживање. Времетраење на третманот е околу 60-90 минути, во зависност од состојбата на стапалата.

ТРЕТМАН ПЕДИКИР

(само третман и масажа)

Уште познат и како третман за препородување на вашите стапала – вклучува отстранување на вишокот мртва кожа од вашите стапала и петици, третман со ексфолирачки пилинг за стапала и 10 минутна масажа која ќе ја обожавате. Времетраење на третманот е околу 30 минути, во зависност од состојбата на стапалата.

ПАРАФИНСКИ ПЕДИКИР

( само парафин)

Третман кој би требало да го пробате доколку имате проблем со сува, рапава, и испукана кожа на вашите петици… уморни стапала, габични инфекции и проблеми со ноктите.
Парафинскиот педикир е идеално решение за вас. Времетраење на третманот е околу 30 минути, во зависност од состојбата на стапалата.

ПАРАФИНСКИ -ТРЕТМАН ПЕДИКИР

( само третман и парафин)

Бенефити од
педикирот

Квалитетни производи за вашата убавина.  Направени од одбрани состојки.
Нарачајте, пробајте ги и уверете се.

Производи
за нега на нокти