Масажа

Искусете потполна релаксација и обнова со нашите масажни терапии и нега за целото тело!

Релаксација на телото и баланс

Освежете го телото и душата со нашите масажни терапии. Оставете го стресот зад себе и припремете се за искуство на длабоко релаксирање и обнова.

Типови на
масажа

РЕЛАКС МАСАЖА

Класичната релакс масажа ги ублажува стресот и напнатоста, ја подобрува циркулацијата, му помага на телото полесно да ги исфрли токсините од кожата и добро влијае врз работата на дигестивниот тракт.
Ни овозможува да се чувствуваме пријатно, и опуштено, отстранувајќи ги мускулните болки од нашето тело. Ќе можете да уживате во пријатна атмосфера и релаксирачки движења со средно интензивен притисок врз нервите и мускулите од вашето тело, ова задоволство е достапно во времетраење од 30-45-60-90 минути, секако, според ваш избор.

АРОМА-ТЕРАПИ МАСАЖА

Релаксирачка масажа со специјални етерични масла, и е извонреден начин за ослободување од стресот и напнатоста. Мирисот е моќно сетило, кое арома терапијата го користи за опуштање на телото и умот, како и за подобрување на расположението. Благотворното дејство на ароматичните етерични масла произлегува од нивното делување на хормоните и другите носители на хемиски пораки во телото и мозокот. Ова задоволство е достапно во времетраење од 30-45-60 минути, секако, според ваш избор.

СПОРТСКА МАСАЖА ЗА МАЖИ

Релаксирачки техники на движење пропратени со високо интензивен притисок врз нервите и мускулите од вашето тело, најпогодно при мускулна вкочанетост, болки во мускулите или физички замор. Најчесто применувана за спортисти пред или после физичка активност и напрегање на мускулите . Ова задоволство е достапно во времетраење од 30-45-60-минути, секако, според ваш избор.

МАСАЖА СО МЕД

Овозможува потполно физичко и психичко опуштање односно баланс на духот и телото.
Пропратена со масажни техники за подобрување на циркулацијата, и благотворно дејство на медот го подобрува тонусот на кожата и мускулите и делува на внатрешните органи. Медот исто така допринесува за козметичко освежување на кожата, поубава боја, еластичност и измазнување на брчките како и заздравување на било какви рани кои се наоѓаат на површината. Ова задоволство е достапно во времетраење од 30-45-60

Бенефити од
масажата

Ова се само дел од бенефитите, на масажата и истата може да има и други позитивни влијанија на здравјето