Инормации за испорака

Рокот за испорака до вашиот дом е во временски интервал од 24 часа до 4 работни дена од нарачката на територијата на Република Македонија. Доколку во временскиот интервал за достава на нарачката, е вклучен празник или друг неработен ден, истиот нема да биде земен во предвид во временскиот интервал за достава. Доколку се случи испораката да доцни, навремено ќе бидете известени од наш соработник. Lpdprofessional не сноси одговорност за доцнење во случај кога истото е предизвикано од компанијата која ја врши испораката или поради причини независни од Lpdprofessional. Задолжен за испораката на нашите пратки е операторот ????

Откако ќе се изготви нарачката, Lpdprofessional може да побара дополнителна потврда на нарачката по телефон или е-пошта. Во случај да биде откажано барањето на потврда, тоа автоматски води до отказ на нарачката со или без дополнителна информација. Во случај купувачот да ја потврди нарачката, истата веќе не може да се отповика. Продавачот Lpdprofessional  има обврска порачаните производи од страна на купувачот да ги достави во исправна состојба.

Податоците како име и презиме, адреса на живеење, e-mail адреса и телефон за контакт, мора да бидат внесени точно со цел ефикасно и брзо извршување на нарачката. Во случај нарачката да е потврдена од потрошувачот, а дадените податоци се неточни, операторот задолжен за достава ќе ве исконтактира и ќе ве извести од каде може да си ја подигнете вашата нарачка.

Веднаш по испораката, производите треба да бидат внимателно прегледани од страна на купувачот или лице ополномоштено од него. При евентуално оштетување, удари или други штети установени при испораката, потребно е штетата да се пријави во одделот за онлајн продажба телефонски, на некој од наведените контакт телефони или пак тоа да се направи електронски, преку емаил со што ќе ја потврдите рекламацијата за производите нарачани електронски.

Кога испорачаните производи не соодвествуваат на направената нарачка, клиентот може да побара производите да му бидат заменети со нови, доколку направи нова нарачка во рок од 24 часа од испораката. Во спротивно, Lpdprofessional  ќе смета дека испорачаните производи соодвествуваат на желбата и потребите на потрошувачот.

Дополнително. при предавање на производите, купувачот/клиентот или трето лице задолжително потпишуваат испратница и други придружни документи поврзани со нарачката. Испратницата задолжително ќе ги содржи видот на производот и цената која сте ја платиле за истиот. За трето лице се смета секој, чие име не е наведено во порачката, но го прима производот на адресата наведена на нарачката..

Потрошувачот има право да го замени производот што има соодветен квалитет, а што не одговара во однос на формата, големината, моделот, бојата, бројот или од други причини. Потрошувачот правото може да го оствари во рок од 5 дена од денот кога производот е купен. Замена на производот се врши ако производот не бил употребуван, ако е сочуван изгледот на производот, употребните својства, фабричките етикети, како и фискалната сметка за производот или пак фактурата-испратница кои на потрошувачот му биле издадени заедно со производот. Ако во моментот на поднесувањето на барањето од потрошувачот Lpdprofessional  нема соодветен производ (производ што ќе одговара на неговите потреби), потрошувачот има право по свој избор да побара:

– да го раскине договорот и да бара враќање на платениот паричен износ или

– да го замени производот со соодветен кога ќе има таков производ.

Продавачот е должен да го извести потрошувачот кој барал замена на производот дека има или нема таков производ за продажба во рок кој не може да биде подолг од 30 дена од денот на приемот на барањето (според Член 50 од ЗАКОН ЗА ЗАШТИТА НА ПОТРОШУВАЧИТЕ).